(ВИДЕО) ДУИ: Не еден, туку вкупно пет тендери за братучедот на директорот на ВРЕДИ во „Бардовци“

Од:

Скандалот во Психијатриската болница „Бардовци“ се продлабочува. Компанијата „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје, која е поврзана со братучедот на директорот Иса Авдулаи, добила дури пет тендери од болницата откако тој ја презел функцијата директор, обвини ДУИ.

Како што истакна Арта Биљали Зендели на прес-конференција, првиот тендер бил потпишан на 15 октомври 2024 година, само три месеци откако Авдулаи бил именуван за вршител на должноста директор. Договорот бил во вредност до 600 илјади денари, а на него стои и потписот на самиот директор.

Потоа, „Индиго Инц“ добила уште четири тендери, меѓу кои и овогодишниот договор за ИТ-системи и лиценци, во вредност до 2,59 милиони денари, односно околу 42 илјади евра.

Сопственик на компанијата е Бесим Авдулаи, кој според ДУИ е братучед на директорот Иса Авдулаи. Партијата посочува дека семејната поврзаност ја има признаено и самиот директор. Фактот што сопственикот непосредно пред првиот тендер ја променил раководната функција во компанијата, според ДУИ, не ја брише семејната поврзаност.

Од ДУИ бараат Антикорупциската комисија, Бирото за јавни набавки и надлежните институции да спроведат целосна проверка на сите пет постапки – од критериумите и понудите, до учесниците и начинот на избор.

„Не е доволна изјавата дека постапката била законска или дека директорот не бил дел од комисијата за избор. Кога компанија семејно поврзана со раководителот на јавна институција добива пет тендери од истата институција, целосната транспарентност и проверка на постапките се обврска, а не избор“, велат од ДУИ.

Од партијата додаваат дека ВЛЕН не може да се крие зад зборот „законски“, туку законитоста треба да се аргументира со документи.

„Јавните пари не се семејна сопственост. ‘Бардовци’ не смее да се претвори во семеен бизнис на ВЛЕН“, порача ДУИ, барајќи целосна транспарентност, институционална истрага и одговорност.

Партијата прашува како е можно компанија на братучедот на директорот да добие пет тендери во институцијата со која тој раководи.

Би можело да ве интересира

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад

ВЛЕН: Сојузот на хотел „Мериот“ игра руски рулет со правдата

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

ВИДЕО: Голема прослава на ДУИ за победата во Брвеница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис