ВИДЕО: Дрвата отидоа курбан за новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Жална глетка во Центарот на Скопје. Насекаде трупци од исечени дрва, звук на моторните пили кои немилосрдно го оголуваат просторот. Се сечат сите дрва и се чисти простор за изградба на новата зграда-седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Некои само немо набљудуваат, а некои коментираат револтирано.

Велат, сигурно си набавиле и дозвола и соодветна документација. Но прашуваат до кога за згради и гаражи ќе се уништува зеленилото во строгиот Центар на Скопје.

„Ова е еколошки вандализам што го прави ВМРО-ДПМНЕ“, велат граѓаните.

drva-dpmne-23apr1

Како што веќе објави А1он, прашуваат каде е Лилјана Поповска од ДОМ, кога дозволува нејзиниот коалициски партнер да го прави ова. Од претходно е познато дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се подновува со нови партиски простории.

drva-dpmne-23apr

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски