(ВИДЕО) Донев на завршните зборови за „Тенк“: Јанкулоска помагала при набавката на мерцедесот

Од:

Обвинителот Стевчо Донев од Специјалното јавно обвинителство денеска пред судот во завршните зборови од одвоената постапка за случајот „Тенк“ рече дека вината на обвинетата Јанкулоска се докажува преку изнесените телефонски разговори од кои може да се слушне како ексминистерката заедно со поранешниот премиер Никола Груевски и заменик министерот Ѓоко Поповски ја договараат целата постапка за набавка на екстралуксузното возило при што се фаворизира операторот Макаутостар.

Донев истакна дека МВР навистина имало потреба од ново блиндирано возило и доказ за тоа е распишаниот тендер за набавка на старо блиндирано возило во вредност од 22 милиони денари со поминати 15 илјади километри. За овој тендер до истекот на рокот не било пријавено ниту едно возило па од МВР наместо да ја повторат постапката со исти спецификации за бараното возило, оттаму се решиле да набават ново возило.

Првично биле предвидени 15 милиони денари што е помалку од првичната сума која била планирана да се издвои за половно возило, но потоа го зголемиле износот на 30 милиони денари.

– Од аудио снимките и доказите кои се приложени во главната расправа јасно се гледа причината за промените околу набавката. Груевски Поповски и Јанкулоска знаеле дека набавка на таква кола е скапо со оглед на буџетот со кој располагало министерството. Груевски побарал од Јанкулоска да се изврши службено дејствие каде ќе се купи автомобилот мерцедес ес600 гард, а притоа да се фаворизира застапникот Макаутостар, рече обвинителот Донев.

Тој исто така истакна дека во текот на разговорите, Груевски и Јанкулоска зборувале внимателно при договарањето кој автомобил да биде набавен. Јанкулоска му велела на Груевски дека постапката ќе оди електронски и внимателно за некој друг оператор да не влета во набавката како конкуренција.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Украинскиот амбасадор во Германија ја поздрави „големата тенковска коалиција“

А1он

Британско разузнавање: Москва испраќа нови тенкови на бојното поле, војниците не ги сакаат

Варшава очекува брзо одобрение од Берлин за испраќање тенкови во Украина

А1он