ВИДЕО: „Дивиот“ забавен парк кај „Борис Трајковски“ ќе биде отстранет

Од:

Надлежни институции, постапувајќи по допрен глас дека се поставуваат реквизити за забавен парк без соодвети дозволи и документација на локација во општина Карпош, вчера излегле на терен. По направениот увид се најавуваат конкретни мерки во насока на отстранување на неправилностите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите.

-Постапувајќи по допрен глас дека во Скопје, на подрачјето на Општина Карпош, поточно пред спортскиот центар Борис Трајковски без соодветни документи и потребни дозволи се поставени реквизити за забавен парк меѓу кои и панорамско тркало, на 20 мај 2024 година единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во координација со службени лица од Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и градежен инспектор од Општина Карпош излезе на лице место и презема конкретни соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност и овластувања, информираат денеска од МВР.

Оттаму појаснуваат дека од страна на инспекциските служби по преземените мерки и активности и констатираната фактичка состојба изготвени се записници за констатирана состојба, додека од страна на овластен градежен инспектор од Општина Карпош поведена е постапка за констатираните неправилности.

По ова велат од МВР, ќе бидат преземени конкретни мерки во насока на отстранување на неправилностите, престанување со вршење на активноста, како и дислоцирање на реквизитите.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава

ВИДЕО: Како работела лихварската банда – наплаќале огромни камати, одземале имот и живееле луксузно

Катерина Ѓуровски