(ВИДЕО) Директорката Темелкова со сила спречи снимање за долг на Студентскиот дом од 70 илјади евра

Од:

Даниел Пауновски од Скопје не може да наплати над 70 илјади евра од Државниот студентски дом Скопје, па сега дури и забранет му е влезот за да ги бара парите. Директорката на домот, Даниела Темелкова денеска пушти обезбедување за екипата на А1он која го снимаше Пауновски, со образложение дека не смее да се снима на тротоарот пред домот, зошто тоа било нивна сопственост. По половина час убедување и откако случајот беше пријавен во полиција, директорката Темелкова го повлече обезбедувањето од улицата пред домот.

Она што веројатно сакаше директорката да го спречи да се објави е што Студентскиот дом веќе пет години на фирмата “Агротеск Војко ДООЕЛ“ не му го иплаќа долгот, а тоа не се случува ниту по судската одлука да исплати над 70.000 евра или поточно 4.445.348 денари на фирмата за извршените услуги, во шест подеднакви рати.

-Од 2012 година Студентскиот дом Скопје од 2012 до денес има неисплатен долг. Мојот случај заврши и на суд, во моја корист при што Студентскиот дом е задолжен да почне да ги исплаќа средставата во шест рати уште минатата година, но до денеска не е исплатена ниту една рата.

Сакам да прашам зошто законот не се спроведува подеднакво како и за сите граѓани, веќе пет години не ми се исплаќаат заработените пари. Јавно ја повикувам финасиската полиција да го провери мојот случај, повика Даниел Пауновски.

Пауновски не смее ниту да влезе во домот, забрането му е да оди да прашува до каде е исплатата. Со судската одлука средствата требало да се исплаќаат уште пред една година, но досега тоа не е направено. Пауновски се сомнева дека намерно не се исплаќаат парите и затоа најави дека потребните документи ќе бидат доставени до надлежните институции за да се истражи случајот, зошто не се постапува по судската наредба.

Би можело да ве интересира

Јелен: Застрашувачки е големиот надворешен долг на САД

Ќерката на директорката од Чашка која прифати албанска паралелка, се вработила во просветен инспекторат

Орце Костов

Миликије Халими има факултетска диплома вели премиерот

Орце Костов

Левица: Хигиеничарки принудени да го мијат приватниот автомобил на директорката на ООУ „Лазо Ангеловски“

А1он

Мерко двапати назначил директорка на училиште која немала завршено високо образование: Антикорупциска ќе му поднесе кривична

Орце Костов

„Ние ќе купуваме сапун за децата, а директорката троши на бајадери“: Родителите бесни што Тренчевска ја врати Петровска на функција во градинката „Детска радост“

Орце Костов