Долгот на Американците преку кредитни картички достигна 1,26 трилиони долари во вториот квартал од годината, приближувајќи се до рекордните 1,28 трилиони долари забележани на крајот од минатата година, покажаа податоците од Федералните резерви на Њујорк.
Долгот се зголемил за 21 милијарда долари за три месеци, а економистите го припишуваат зголемувањето на високата потрошувачка и зголемувањето на цените на храната, горивото и другите основни производи, објави ABC.
Бројот на домаќинства кои доцнат со плаќањата расте.
Уделот на долгот преку кредитни картички кој доцни повеќе од 90 дена се зголемил од 7,6 проценти во средината на 2022 година на 12,8 проценти на почетокот на оваа година.
Вкупниот долг на американските домаќинства достигна 18,8 трилиони долари.
Најголемиот дел го сочинуваат хипотеки – 13,12 трилиони долари, авто кредити – 1,71 трилиони долари, што е нов рекорд, потоа студентски долг – 1,65 трилиони долари и кредитни картички.
