(ВИДЕО) Димовски: Власта ги влошува меѓуетничките односи

Од:

Меѓуетничките односи не може да ги влошуваат граѓаните, ги влошуваат политичарите кои во моментот владеат со државата, без разлика кога и да е тоа, вели Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Протестите по изрекувањето на пресудите во случајот Монструм уште еднаш на виделина ги извадија тензичните меѓуетнички односи. Во испитувањата на јавното мислење, анкетираните граѓани најчесто ги оценуваат меѓуетничките односи како ниту добри, ниту лоши, но се покажува дека тоа што тлее многу лесно „може да се запали“. Зошто македонското општество постојано е во состојба на „замрзнат конфликт“ кој по потреба може да се извади на површина?

Од еден настан ние не може да оценуваме дали меѓуетничките односи се добри или лоши. Меѓуетничките односи треба да се следат во текот на целата година за да направите едно резиме на крајот од годината за тоа дали меѓуетничките односи биле добри или биле лоши. Протестите за случајот „Монструм“, јас не ги карактеризирам како меѓуетнички, тоа се протести од незадоволството од судството, од донесените пресуди, така беа окарактеризирани и на почетокот, вели тој.

Такви случаи сме имале ние не само кај албанската заедница, сме имале и кај македонската, протести од незадоволство од судски одлуки, од нашето испартизирано судство. Тоа што така се карактеризираат како меѓуетнички односи, мислам дека малку беше набилдано, од причини што протестираше само една етничка заедница. Најлесно е денес да окарактеризирате еден настан како меѓуетнички конфликт или меѓуетнички протести, бидејќи меѓуетничките односи долги години во Република Македонија се на „кревки нозе“ и најлесно е сето тоа да се популаризира, додава тој.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски