(ВИДЕО) Димитров и Спасовски: На 30 септември да се потврдиме како генерација со историска одговорност

Од:

Заменик претседателот во Владата на РМ и министер за одбрана Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска на трибина во Прилеп, во организација на коалицијата „Излези за европска Македонија“ разговараа со граѓаните на општината за најважните аргументи зошто секој граѓанин на нашата земја има одговорност на 30 септември да го даде својот глас на референдумот за себе си, за своите деца и за иднината на Република Македонија.

„Граѓаните 30 септември ќе го направат величествен ден за паметење. На тој ден, обединети на европскиот пат, гласот на граѓаните ќе биде глас за европска Македонија, членка на најмоќните сојузи ЕУ и НАТО. Гласот на секој граѓанин ќе биде глас за европски вредности и можности, глас за рамноправно место до граѓаните на ЕУ и НАТО, во заедници што гарантираат безбедност, сигурност и економски просперитет“, истакна Спасовски, и додаде дека одлуката на референдумот е одлука и за крај на штетните политики за граѓаните и за државата, и одлука за споделување на заедничките визии со сите останати граѓани на ЕУ.

Спасовски потенцираше дека правото на граѓаните слободно да го дадат својот глас на престојаниот референдум е загарантираното.

Министерот Никола Димитров истакна дека за прв пат во нашата историја ние, Македонците, сами одлучивме за нашата иднина на масата за преговори. Никој не одлучи во наше име, и затоа е многу важно таа одговорност да ја покажеме и на 3о септември.

„Каква генерација ќе биде оваа нашата ако не ја продолжиме традицијата на нашите претходници од 1903, од 1941, од 1991, ако не ја преземеме историската одговорност, и ако не ја одредиме иднината на нашата земја во НАТО и ЕУ? Каква генерација ќе бидеме ние ако не има ја обезбедиме иднината на нашите деца, и ако низ отворената порти на НАТО и ЕУ, не влеземе горди и исправени како Македонки, Македонци, со јасен македонски идентитет и признаен македонски јазик?“, праша министерот Димитров и додаде дека гласот на секој граѓанин е глас за иднината на нашата земја во најмоќниот безбедносен сојуз – НАТО; и во најмоќната економска заедница, ЕУ.

На трибината во Прилеп учествуваше и професорот на Факултетот за безбедност Никола д-р Дујовски кој нагласи дека со стартот на преговорите со ЕУ, кога ќе започне затворањето на поглавјата, во дури 35 од нив ќе бидат изедначени стандардите во Република Македонија со оние во ЕУ и тоа ќе значи еднакви услови за младите и за граѓаните на нашата земја со условите за граѓаните на ЕУ кога станува збор за пристап до образование, здравство, вработување и други погодности.

„Хрватска само 5 години после приемот во НАТО стана членка на ЕУ. Тоа беше постигнато за толку кус период зашто сите земји членки на НАТО и на ЕУ, како солидарни партнери, го помогнаа зајакнувањето на капацитетите на Хрватска и го помогнаа нејзиното пристапување“, посочи професор Дујовски.

Илија Јосифоски, градоначалникот на Општина Прилеп ги повика своите сограѓани на 30 септември да бидат горди граѓани на градот кои ќе ја преземат одговорноста за иднината на државата и за иднината на Прилеп.

„Прилепчани, како и досега, нема да го пропуштат овој историски момент, и сво својот глас ќе учествуваат во исчекорот на Република Македонија за членство во ЕУ и НАТО“, истакна градоначалникот на Прилеп Јосифоски на трибината на коалицијата „Излези за европска Македонија“ што се одржа во Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски

На референдумот во Еквадор беа изгласани мерки за борба против криминалните банди

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари, двојна победа за европски живот во Македонија