(ВИДЕО) Димитров: На 15 јули имаме избор, да одиме напред кон Европа или да се враќаме назад кон фасадната политика

Од:

На 15 јули имаме клучен историски избор, дали сакаме да одиме напред кон Европа или сакаме да се враќаме назад кон кичот и кон фасадната политика, изјави денеска носителот на листата во ИЕ1 од коалицијата „Можеме“, Никола Димитров.

Успеавме да влеземе во НАТО, порача тој и покажавме дека можеме.

– Доста бевме жртва. Сакаме Европа да ја донесеме дома. Што значи тоа за македонските граѓани коишто ќе гласаат на 15 јули? Тоа значи: повеќе нормалност, повеќе ред, повеќе правда, подобар економски стандард, повисока просечна плата, повисока минимална плата, повисоки пензии, изјави Димитров.

Европа дома, посочи Димиртров, значи и еколошка држава: казни за загадувачите, триплиран бројот на еко-инспектори, во секоја општина комунална еко-полиција со надзор од 24 часа, сто милиони евра субвенции за добри еколошки филтри на индустриските капацитети.

– Меѓу другото и државните институции ќе ги направиме еколошки, енергетски ќе се снабдуваат со топлинска енергија, изјави Димитров.

Би можело да ве интересира

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус