(ВИДЕО) Димитријевиќ: Инвестираме уште повеќе во инфраструктурата во Гази Баба, за подобар живот на нашите сограѓани

Од:

„Локалната власт во општина Гази Баба и градската власт предводени од СДСМ, продолжува со засилена реализација на ветувањата дадени кон граѓаните.

Континуирано инвестираме во инфраструктирата, во подобар квалитет на живот за граѓаните.

По завршувањето на првата фаза од реконструкцијара на улицата Благоја Стефковски во општина Гази Баба, продолжуваме со втората етапа која значи целосна реконструкција во должина од околу 850 метри. Веднаш потоа ќе продолжиме и со третата фаза“, изјави Александар Димитријевиќ, претседател на Градска организација – Скопје на СДММ.

„Оваа улица е значаен крвоток на општината и траса по која циркулираат голем број на граѓани. Дополнително, реконструкцијата ќе опфати и целосно менување на водоводната мрежа која ќе биде поставена под пешачката патека.

Овој сериозен инфраструктурен зафат очекуваме да заврши за нешто повеќе од еден месец. СДСМ и на локално и на централно ниво продолжува со инвестиции во изградба на нова и реконструкција на постоечката патна инфраструктура.

Посветено работиме на проекти важни за граѓаните. Во следниот период инвестираме уште повеќе во Гази Баба за да биде уште подобро за сите наши сограѓани.

Градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните“, рече Александар Димитријевиќ, претседател на Градска организација – Скопје на СДММ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он