Демонстрантите против пресудите „Монструм“ се блокирани кај трговскиот комплекс Мавровка. Огромен број на полициски сили ги ги држат таму, не дозволувајќи им да се упатат кон Судот, каде што тие имале намера да одат.
Демонстрантите извикуваат пароли „Голема Албанија“ „УЧК“ и името на градоначалникот на Струга, Зејадин Села кој е присутен на протестите.
Демонстрантите носат транспаренти со мозаичен портрет на премиерот Груевски на кој пишува „ Во овој мозаик се крие злото“. Засега протестите се одвиваат мирно и нема инциденти
Петар Клинчарски