Според демонстрантите кои денеска протестираа против законски измени за здравствено и пензиско осигурување, ќе се прават злоупотреби на работничките права и сиромашните ќе станат уште посиромашни.
– Овие законски измени ќе доведат до големо осиромашување на граѓани кои и така земаат ниски хонорари, бидејќи се принудени да работат да работат за хонорар, а не за плата. Дополнително, може да значи дека нивните газди ќе ги отпуштат од хонорарен ангажман со што ќе се зголеми невработеноста. Директно се засегнати сите хонорарни работници, но овие законски измени отвораат голема опасност газдите да злоупотребат и сегашни вработени и нововработени да бидат префрлени од редовен во хонорарен работен однос, со што дополнително ќе им се намалат работничките права, вели Здравко Савевски од Ленка.
И новинарите кои што веќе една третина се во хонорарен работен однос се загрозени со измените во законот.
– Новинарите кои што веќе една третина се во хонорарен работен однос, начинот на кој ние денеска го покажуваме нашето незадоволство е последица од игнорирањето, па и манифестацијата на презир кон сите обиди за разговор и укажување дека овие измени ќе ги осиромашат сиромашните, а богатите ќе си останат богати, вели Тамара Чаусидис, синдикалниот лидер на новинарите.
-Голем дел од граѓаните не се инфромирани за нив, или се погрешно информирани. Кога по 1 јануари ќе имаат законска обврска да бидат пријавени во Агенцијата за вработување, кога овие придонеси ќе бидат наплатени од нивните и онака ниски хонорари, кои се и нередевни – тогаш граѓаните навистина ќе го искажат својот револт. Ова не е единствениот начин – ќе има и поинакви методи, коментира демонстрант.
– Овие законски измени за пензиско и здравствено осигурување ќе доведат до дополнително осиромашување на народот. Ние и’ порачуваме на Владата да не’ сфати сериозно, зашто денешниот проетест е само увертира во она што ќе следи во наредниот период, вели Марјан Ристовски.