ВИДЕО: Дел од Бугарите кои тргнаа на гробот на Делчев не можат да влезат во земјава, падна системот на Деве Баир

Од:

Системот за контрола на Деве Баир не е во функција речиси час и половина и на преминот има застој за влегување во земјава. Проблемот е за влез во Македонија па затоа дел од бугарските државјани кои утрово сакаат да влезат чекаат во колона.

Екипата на „А1он“ која е на граничниот премин забележа десетици возила кои веќе се пропуштени од бугарска страна чекаат на македонскиот дел од гранциата за да бидат пропуштени во земјава.

Околу 150 Бугари утрово во 6.30 часот тргнаа во колона со автомобили, наместо со автобуси како што беше најавено претходно.

– Од Бугарија ќе има околу 150 бугарски граѓани кои ќе присуствуваат на чествувањето. Јас и луѓето кои ќе пристигнат во Македонија, го признаваме македонскиот народ и сакаме заеднички чествувања за Гоце Делчев затоа што е наш заеднички херој. Без навреди и тензии – рече Виктор Стојанов за „А1он“

Би можело да ве интересира

Богоев заплени 300 филери за усни на преминот Деве Баир

Орце Костов

Ковачевски: Наследниците на Гоце ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот

Орце Костов

Нова провокација од Радев: Кога ќе ги впишете сонародниците на Гоце Делчев во Уставот, тогаш ќе станете демократска држава

Орце Костов

(ВИДЕО) Внукот на Гоце Делчев: Желба ми е да се отсвират двете химни на неговиот гроб

Орце Костов

Одбележување на 120 години од смртта на Гоце Делчев

Ана Ололовска

Милков: Софија и Скопје нема заеднички да го одбележат 4 мај

Ана Ололовска