(ВИДЕО) Дебата: Има ли политички инжинеринг со името ВМРО

Од:

На промоцијата на книгата „Верни до смрт, довербата и тероророт во револуционерна Македонија“, од англискиот истражувач и професр Кит Браун, во клубот ГЕМ, која нуди нови сознанија за предилинденскиот период и Македонската револуционерна организација, се отвори и прашањето за тоа зошто во македонската историографија во последно време се инстистира на историски контуниутет на името ВМРО за сите претходни и други организации кои се бореле за македонско национално ослободување и самостојна држава.

Владимир Милчин на гостинот од САД, Кит Браун му го постави прашањето за името на Македонската револуционерна организација (МРО) кое го користи и историчарот Данкан Пери.

– Забележувам дека во македонската историографија името МРО е поретко од ВМРО и мислам дека тоа често пати создава проблеми кои не се само научни, туку актуелни, политички. Сега кога би сакал да бидам малку зајадлив би рекол – ете ти парадокс, Фондацијата Отворено општество, во 2015 година издава и промовира книга, која, како што слушнавме, побудува романтичарски чувства. А книгата се однесува на организација на која ако и додадете една буква напред, добивате една политичка партија која денес ја има власта во Македонија. Многу ме интересира зошто ВМРО, а не МРО? Дали постои некоја временска или друга диференција меѓу овие две имиња.

Дали е тоа некоја идеолошка намера да се говори како да е тоа една организација – од почетокот, па се’ до Втора светска војна, до четите организирани од Иван Михајлов и неговите луѓе, во Егејска Македонија, односно во Грција, кои биле сојузници на монархофашистите, дури и на нацистите.

Од каде е таа потреба да се извлече идеја за континуитет, односно за единство, без оглед дали се работи за еден период на романтизам, па до една неофашистичка позиција. Дали ова помага во борбата за афирмација на Македонија, држава нација, итн. Или, всушност ние треба да сме на јасно дека не се работи за една организација и не се работи за континуитет и не можеме така лесно да ги ставиме под една капа сите историски актери, сите жртви и сите крвници, рече Милчин.

Гостинот од САД, Кит Браун рече дека сознанијата од неговото истражување, се дека обичните луѓе кои се бореле, едноставно ја нарекувале Организацијата.

Драги Ѓорѓиев, историчар и директор на Институтот за национална историја рече дека ВМРО однсно ВМОРО, прв пат името го добива 1905 година

– Значи не е можно претходно да се користи тоа име, бидејќи историски не би било точно. Прво МРО, па ТМОРО, па ВМРО и 1934 година, по убиство на кралот Александар, таа организација се укинува како терористичка. А тука постои повторно и недоразбирање со Бугарите. Ова е прашање на кое не можат да ви одговорат и луѓе кои цел живот го посветиле на тоа. Бугарите тврдат дека е БМРО првата организација – бугарско македонска револуционерна организација, македонците историчари тврдат дека е МРО се’ до 1896 година кога прераснува во ТМОРО. Но, ВМРО пред 1905 година би било историски неточно да се употребува, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски