ВИДЕО: Давитковски поднесе оставка, Иванов не го прими

Од:

Претседателот на Комисијата за настаните од 24. Декември, Борче Давитковски ја однесе оставката од Комисијата кај Ѓорге Иванов ама тој не беше таму.

Давитковски добил образложение дека Иванов не бил во својот Кабинет и затоа не може да се оствари средбата.

– Сакав да пиеме кафе и да му кажам дека сакам да се повлечам од работата во Комисијата,бидејќи е блокирана – изјави Давитковски.

Од Кабинатот му одговориле дека Иванов не е слободен и ќе му се јавеле деновиве.

Давитковски кажа дека оставката ја дава поради што се изгубил балансот во Комисијата и како причина ги наведе сосема дијаметрално спротивните позиции во кои заглавиле власта и опозицијата. Според него не се постигнал баланс со што би можело  да се детектираат настаните и моментот поради што настанал проблемот од 24. Декември.

– Имам личен впечаток дека едните знаат што сакаат, другите не. Така што кога ќе се најдете во таков клинч, од една страна ќе испеглате со едните, а дргите одат на ѓон и имаат максимилистички барања, па другите како одговор на тоа негираат, и верувајте таква е ситуацијата што мора да се изнајде и мислам дека Комисијата со 4 гласа и без мене може да ја заврши работата, рече Давитковски.

Тој дури прифаќа дека ако се дојде до решение и да го потпише конечниот извештај.  Давитковски ја оценува неговата медијаторска улога како невозможна со оглед дека двете страни инсистираат на цврсти и јаки формулации во заклучоците.

– Барајќи ги роговите, ги изгубивме ушите. Извештајот е отворен и може комисијата да продолжи да работи и без мене доколку се усогласат, изјави Давитковски.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

СДСМ: 24 декември е еден од најцрните датуми во нашата демократија, по девет години во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето

24 декември – се заборави и се повтори, одговорност никој не понесе

Наум Локоски

ВИДЕО: Насилно исфрлаше пратеници на СДСМ, сведок за 27 април, се уште го обезбедува Собранието

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Спасовски: 24 декември беше подлога за крвавиот четврток

Наум Локоски

ЦРМ: Одлуката на ЕСЧП е значајна победа во борбата за слобода на изразувањето во Македонија

Ана Ололовска

ЗНМ ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур за случајот „Селмани и останати против РМ“

Ана Ололовска