(ВИДЕО) Цветковска: Деновиве научивме дека полицијата ги уредува вестите

Од:

Луѓето од МРТВ, за жал, не’ изневерија сите нас, потфрлија во обврските кон своите граѓани. Не сите, има многумина чесни професионалци, има и чесни новинари, но одговорноста е на главните уредници и директорите.

Тие ја изневерија новинарската професија, своите колеги и најважно од се’, тие ја изневерија јавноста, беше речено на денешниот перформанс пред зградата на МРТ – Некои од нив ги познавам лично и знам дека се свесни и многу добро знаат што прават.

Тие не се уредници и главни уредници, тие се бесни партиски навивачи. И ако нешто научивме деновиве, од сите оние снимки е дека – не Илија, ами полицијата уредува вести во медиумите, рече Сашка Цветковска, новинар.

Таа ги охрабри новинарите од јавниот сервис да го земат за своето оружје во раце – зборот, мислата.

– Заборавиле или не знаат колегите дека тие се формирани со одлука на Собранието, во домот на граѓаните. Заборавиле дека државата не е партијата.

Дека нивни единствени газди се граѓаните. А се што ние во согласност со законот бараме од нив е да ги почитуваат универзалните принципи на професијата новинар кои се дел од сите етички кодекси во редакциите низ светот. Затоа ги основавме и за тоа постојат.

Ако не се пронаоѓаат во тој повик, во таа благородна мисија нека бидат чесни и нека си заминат, рече Цветковска

Би можело да ве интересира

МТВ проверува упад во системот, реакција откако вчера немаше Дневник во центрлните термини

Катерина Ѓуровски

Тешко повредена жена во лифт во зградата на МРТВ

Левица: Незаконскиот фараонски мандат мора да заврши – јавниот сервис да се врати на јавноста

Горан Наумовски

Почина Јулијана Тануровска, новинарка и одговорен уредник во МТВ

Предраг Петровиќ

Тошковски бил адвокат на фирмата „Ал Дарив” која добила сомнителен тендер од МРТВ, тврди Левица

Бизнис партнери и осомничени во „Делчевски ниви” си делат тендери во МРТВ, обвинува Левица