Тошковски бил адвокат на фирмата „Ал Дарив” која добила сомнителен тендер од МРТВ, тврди Левица

Од:

Левица прашува дали силните партиски врски на Дарко Ќурчиски (сопственик на „Ал Дарив”) со актуелниот министер Тошковски биле пресудни за оваа компанија да добие тендер од 600.000 денари од МРТВ?! Пред неколку дена, Левица објави дека компанијата на Дарко Ќурчиски (осомничен во скандалот „Делчевски ниви”) добила тендер од МРТВ, каде пак долги години е вработен бизнис-партнерот на Мицкоски и исто осомничен во „Делчевски ниви” – Орце Тодоровски, велат од Левица.

– За судирот на интереси во овој сомнителен тендер, каде директно се инволвирани поранешни осомничени во шемата со препродавање на земјиште, нема никаква реакција ниту од Управата за финансиска полиција, ниту од министерството со кое раководи Тошковски.

Молкот од страна на министерот Тошковски е очекуван, бидејќи токму тој, во 2020 година, бил ангажиран како адвокат на компанијата која потоа го добива сомнителниот тендер во МРТВ. Компанијата „Ал Дарив” тогаш поднела тужба пред Управниот суд, а како адвокат се јавува токму Панче Тошковски. Прашањето кое се наметнува е – како министерот Тошковски да истражува дали има коруптивно влијание при делење на тендери на компании кои тој ги застапувал како адвокат?!

Случајот „Делчевски ниви”, кој скандалозно пропадна со промена на исказ на сведок, претставува црна дамка на македонското правосудство, каде беа ослободени од прогон бизнис-партнери и соработници на Мицкоски, а со амин на тогашниот премиер Зоран Заев. За потсетување, еден од осомничените – Орце Тодоровски, беше дел од бизнисот со хидроцентралите на сегашниот премиер. Само два месеци откако пропадна случајот „Делчевски ниви”, токму фирмата на Ќурчиски добива тендер од МРТВ, каде вработен на висока раководна функција е Орце Тодоровски. Ако се има во предвид фактот дека во скандалот „Делчевски ниви” сите инволвирани беа блиски соработници на Христијан Мицкоски, додека Панче Тошковски ги застапувал нивните компании, заклучокот е дека единствен критериум за добивање тендери е блискоста со премиерот и неговиот министер за внатрешни работи, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он

Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Катерина Ѓуровски