(ВИДЕО) Цветаноски: Дали парите за рекет од „Пулс“ завршувале кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски?

Од:

Поминаа 24 часа од објавата на скандалот кој ја тресе јавноста, а од ВМРО-ДПМНЕ – молк. Ниту збор, ниту објаснување, ниту демант. Зошто молчите, господине Мицкоски? Македонија заслужува одговори. СДСМ вчера објави документирани информации дека фирмата „Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип кој Мицкоски четири месеци го штитеше, е долгогодишен донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Покрај компанијата донирала и самата сопруга на Салтировски сериозни суми во 2020, 2021 и 2024 година, изјави Симона Цветаноски – членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Истата таа фирма, според нашите сознанија, можеби водела фиктивно сметководство за фирмите поврзани со дискотеката „Пулс“. Постои сериозен сомнеж дека преку неа биле исплаќани паушали за полициска заштита на локалите кои биле оставени без контрола, меѓу кои и „Пулс“ – каде животот го загубија 62 деца.И уште потежок е сомнежот: Дали токму тие пари, од подземјето, завршувале во кампањите на ВМРО-ДПМНЕ?

Прашуваме јавно уште еднаш: Дали „Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип служела како фирма параван за прибирање на рекет од локалите кои биле изоставени од контрола на полицијата – како што бил примерот со дискотеката „Пулс“? Дали оваа компанија водела фиктивно сметководство за компаниите „Класик“ ДООЕЛ и „ММММ“ Дооел кои управувале со дискотеката „Пулс“ на газда Деко?

Дали со транши од Деко на „Салтировски консалтинг“ ДООЕЛ од Делчево се исплаќал договорениот паушал за полициска заштита на „Пулс“? Дали „Салтировски Консалтинг“ ДООЕЛ била вмешана и во скандалот „Делчевски Ниви“ кој магично исчезна од судските процеси? Конечно, дали овие пари од Деко завршувале за финансирање на кампањите на ВМРО-ДПМНЕ? Дали Мицкоски ќе излезе да го признае она што всушност е јавна тајна? И за крај уште еднаш го предупредуваме Мицкоски, да тргне партиските канџи од Обвинителството и судството. Нема да ги заштитиш своите и да ја скриеш вистината, затоа што ја знаеме целата. Истрагата покажува директна врска меѓу трагедијата во „Пулс“ и највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ и ќе ги објавиме сите податоци од прв до последен.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

Одложено e судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“

Горан Наумовски

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?