(ВИДЕО) Цуцуловски: Студенти, имате право на своја револуција

Од:

На денешната трибина „Честите измени на законот – причина за лошиот квалитет на високото образование“, организирана од Студентски пленум, говореа и професорите Дана Прелиќ и Љубомир Цуцуловски.

– Секоја генерација има право на свои вредности, свои протести и на своја револуција во одбрана на своите вредности и на своите интереси. Така и вие имате право да ги браните своите интереси, така и вие имате право да ги браните своите интереси и да бидете против државниот испит. Но, не смееме сите ние да дозволиме да наседнеме на ефтин софизам: дајте, демек, да разговараме, вели министерот, околу начините, модусите на кои ќе се спроведува државниот испит. Тоа е класичен софизам, бидејќи прашањето не е каков државен испит, туку дали воопшто државен испит. Дали тие си замислуваат дека пред себе имаат малоумни магаренца кои со подзинати усти гледаат што им говорат златните ангелчиња одгоре? Идејата за државниот испит е сфатлива, не навлегувам во правните димензии. Воведувањето на државен испит е заправо воведување на директна недоверба како кон професорите, така и кон студентите. Тоа значи дека контролорите сакаат повторно да не’ контролираат и се поставува прашањето кој нив ќе ги контролира? Од друга страна, прашањето дали секој кој нема да го положи државниот испит, нешто воопшто знае, е теза чисто инквизиторска според која секој е виновен додека не го докаже спротивното. Оваа идеја за државниот испит, за мене е неприфатлива и заради следниве причини: Во текот на студиите, не само што полагате испити, туку полагате и колоквиуми, полагате тестови и веројатно некој ги проверува, понатаму, изработувате семинарски, есеи, на крајот дипломирате и тоа е дел на она што означува континуиран процес на студирање. И сега некому му текнало, кога сите овие форми на проверување на знаењето да воведува државен испит! Да се знае кој е газда во куќата, ништо повеќе од тоа! рече професорот Љубомир Цуцуловски, професор по филозофија во пензија.

Според професорката Дана Прелиќ, од 2008 година проблемите во високото образование во природните науки само ескалираат.

– Одбивам секаква дискусија за екстерното тестирање, т.н.р државен испит и велам дека тие треба без размислување да се укинат, односно воопшто да не се воведуваат. Постои реалација студент – професор и тука и само тука се одговара и се добива оценка. Оцената што ја добива студентот е доживотна и никој нема право да ја ревидира. На Природно математичкиот факултет се уште немаме донесено дефинитивен став, вчера имавме состанок ние на Институтот за биологија, инаку сме 6 институти, но на Институтот за биологија, ние се изразивме негативно за овој државен испит. Имам информација дека од три институти се изразиле негативно и се надевам дека и останатите ќе имаат негативен став во врска таканаречениот државен испит и во целост Природно математичкиот факултет ќе има негативен став. Тоа ќе го дознаеме во понеделник, најдоцна во вторник, рече професорката Дана Прелиќ од Природно математичкиот факултет. Таа детално ги опиша негативните последици на честите реформи во образованието од 2008 година до денес врз Природно математичкиот факултет, како што е заминувањето на најдобрите студенти и асистенти заради лошите услови, недостигот на хемикалии, реагенси и финасиски средства за нив. По само една година се укинал одделот за молекуларна биологија, се направиле толку разни промени што настанал општ хаос, како што рече професорката Прелиќ.

Би можело да ве интересира

Студентски пленум се огради од Туфегџиќ, таа вели дека е на листа како граѓански активист

Емир Латифовиќ

Студентски пленум објави повик за предлог модели за студентско организирање

Емир Латифовиќ

Погледнете го видеото „брУКИМ“ од Студентскиот пленум

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Автономија на УКИМ: Студентите влегоа на факултети

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Студентскиот протест се движи кон УКИМ

Емир Латифовиќ

Власта со специјалци ќе ги растерува студентите од пред СПУКМ

Предраг Петровиќ