ВИДЕО: Чув повеќе истрели пред да ги видам телата кај Смилковското езеро, тврди загрозениот сведок во „Монструм“

Од:

Во кривичниот суд продолжи испитувањето на загрозениот сведок во случајот „Монструм”.

На замаглен екран и со модифициран глас, загрозениот сведок го испитуваа судиите.

„Чув истерли пред да ги видам телата”, рече загрозениот сведок.

Се присети дека околу езерото имало шамаци со жолто-зелена боја со висина од 1,5 до 2 метри.

Тој не се сети дали обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ ги видел кај езерото.

Судијата Огнен Ставрев рече дека постапката за нивната екстрадиција од Косово е интензивирана.

Загрозениот сведок не можеше да се сети дали имало крв околу четирите мртви тела.

Сведокот рече дека не видел кој пукал во жртвите.

„Ова не е загрозен сведок, туку лажен сведок”, рече адвокатот на обвинетите, Насер Рауфи.

На барање на обвинителката Фетаи, на увидот во „опелот“ најден во близина на Смилковци, каде беше пронајдено влакно со иста ДНК на еден од обвинетите, ќе присуствува и јавноста.

На 12 април 2012 кај скопското Смилковско Езеро беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски (на возраст од 18 до 21 година), сите од Радишани, Скопје, и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од Црешево.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов