ВИДЕО: Човек става дете во контејнер за донации за да земе облека

Од:

Човек е снимен како става дете во контејнер полн со облека, каде граѓаните оставаат донации. На видеото кое што беше објавено на Твитер, пишува дека станува збор за контејнерот за донации што се наоѓа во близина на скопскиот трговски центар „Сити Мол“.

Човекот прво го става детето внатре, кое виси со нозете надвор обидувајќи се да земе кеса со облека. Потоа му ја подава кесата на човекот, кој ја остава на тротоарот, додека детето е сè уште во контејнерот. Според снимениот материјал, може да се види дека претходно на ист начин, човекот со помош на малолетното дете, успеал да земе уште една кеса со облека.

Овие контејнери се поставени на неколку локации низ Скопје и во нив граѓаните ја оставаат гардеробата која сакаат да ја донираат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски

Заврши блокадата кај Баир: Започна расчистување на препреките

Децата Роми најчести жртви на онлајн булинг, алармантни случаи на насилство и оружје во училишните ранци

Зајкова со честитка за Меѓународниот ден на Ромите – инклузивноста не е луксуз, туку основа на секоја вистинска демократија

Предраг Петровиќ

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска