(ВИДЕО) Чавков: Нема решение за проблемот со бегалците, од ЕУ немаме помош

Од:

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков од Гевгелија кажа дека засега нема никакво решение ниту се наѕира некакво решение на проблемот со бегалците. Според него тоа е светски проблем, не е македонски, ниту грчки и затоа треба меѓународна реакција. Чавков кажа дека Македонија засега нема конкретна помош од Европската унија.

-Сите знаете дека ЕУ нема конзистетно решение за справување со оваа хуманитарна катастрофа, нашите напори се ублажување на тоа, но нашите капацитети се ограничени и затоа е прогласен кризен регион. Се обидовме на почетокот да обезбедиме соодветен третман, првично прифаќање на ранливите категории, но очигледно не наидовме на кооперативност од мигрантите. Јас ги разбирам, поминале многу до тука и на тој наин се создаде гужва и тоа беше причината да ја нападнат полицијата со камења, рече Чавков.

Тој беше на локацијата каде веќе се гради прифатилиште за бегалците на локацијата на македонска територија, во близина на границата.

11944882_10206211033127547_1261694198_n

-Ова е локација во државна сопственост на која ќе развиеме инфраструктура и капацитети за регистрација и трансфер на мигрантите од тука, со тоа ќе има побрза регистрација и побрз трансфер на мигрантите.

Според него клучно во ублажување на проблемот со наплив на бегалци е координацијата со Грција.

11920493_10206211033047545_1345541468_n

-Очигледно дека загриженоста беше оправдана кај месното население, со оглед дека еден број мигранти неконтролирано беа пропуштени од грчка територија во Република Македонија. Наша интенција не е херметички да ја затвориме границата, туку да обезбедиме соодветен трансфер на мигрантите согласно капацитетите за згрижување. Основно и суштинско во ефектите од овие активности ќе биде комуникација со грчките власти, вчера имавме една средба, денеска ќе имаме уште една средба, потрбен е координација на регионално и европско ниво, рече Чавков.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол