(ВИДЕО) Чавков: Има загриженост, но и капацитет да се одговори на бегалската криза

Од:

Министерот за внатрешни работи Митко Чавков при посетата на еврокомесарот Јоханес Хан во кампот кај Гевгелија истакна дека е оптимист поради се подобрата координација помеѓу невладиниот и владиниот сетор.

-На почетокот само ние бевме изложени на неконтролиран број на мигранти и поголем сум оптимист со присуството на Хан дека ЕУ со поголем интензитет и грижа заеднички со сите нас ќе се бараат решенија.

Без единствена ефективна реакција од ЕУ нема да се подобрат состојбите со миграциските процеси, рече Чавков.

Министерот на прашање дали со затворање на границите на земјите од регионот постои опасност бегалците да се концентрираат во Македонија рече дека легитимно право не секоја држава е да преземе мерки за заштита на својата држава.

-Ако се сеќавате кога кај нас дојдоа 11.000 бегалци за 24 часа, ние се обидовме со редуцирање на влезот да ја контролираме состојбата, но тоа е психологија на маса, луѓето се измалтретирани, патуваат со денови, тогаш настана една хаотична состојба што беше и лоша слика.

Сега сме сведоци на тоа во целата транзитна рута нагоре, секако дека има загриженсот кај нас, но сум убеден дека нема начин да ги запрат така овие процеси. Ние како Република Македонија секако имаме проценки и анализи токму врз основа на тие имавме одлука за воведување кризен регион, кризната состојба е продолжена во двата кризни региони до 15 јуни 2016 година. Се наоѓаме во еден специфичен период и добро е да има една таква рамка во државата. Сигурен сум дека имаме капацитети да одговориме на ефективен начин од безбедносен и од хуманитарен аспект, рече тој.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод