(ВИДЕО) Чаусидис: Законот ги остави хонорарците без пари и без работа

Од:

Претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис вели дека акцијата на поднесување барања за информации од јавен карактер до Министерството за труд и социјала, во знак на револт поради плаќањето придонеси не е залудна и колку и надлежните да ги игнорираат реакциите на хонорарците, тие ќе продолжат и еден ден ќе успеат.

– Ова е прв закон кој се носи зад грбот на граѓаните за кои се однесува, законските измени веќе го дадоа својот ефект. Хонорарците се отпуштени, во јануари не им се префрлени хонорари. Слободните професии не знаат како да се справат со софтверите кои пресметуваат и до 50 отсто одземање од нето приходот. Ние со години се бориме за правата на работните луѓе и нема дилема дека еден ден ќе победиме. Ние мора да им покажеме се’ посилно, поорганизирано и се’ помасовно дека вака веќе не може, рече Чаусидис

Пред Министерството, хонорарците најавија протест за петок 13, бидејќи сметаат дека црниот петок е соодветен за тоа колку е се’ црно во Македонија.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

A1on

(ВИДЕО) Актери: Доста со овој грабеж, укинете го законот за хонорари!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нека го повлечат законот за хонорарци пред да си заминат од власт

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во Уставен суд поднесени 6.400 претставки за хонорарите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Протест на хонорарците: УА Лопови

Ана Ололовска

(ВИДЕО) АЈДЕ!: Утре сите на протестен марш – НЕ за неуставните закони за хонорарците!

Ана Ололовска