(ВИДЕО) Чаусидис: Интересот на граѓаните не е приоритет на медиумите и невладините организации

Од:

„Кога би ги набљудувале медиумите и невладините организации врз основа на она што е нивната задача, а тоа е да го заштитуваат и промовираат интересот на граѓаните, тогаш нужно би било да заклучиме дека од таа соработка произлегува подобрување на општеството во кое што живееме.

Но, за жал ниту медиумите го имаат за свој приоритет интересот на граѓаните, а невладините се повеќе се претвараат во организации кои што се насочени на проектни активности, донатори, а не на она што им е суштинска цел“ – истакна претседателката на Самостојниот синдикат на новинари, Тамара Чаусидис на денешната трибина во Куманово, која што беше посветена на комуникацијата помеѓу невладините организации и медиумите.

Таа смета дека е неопходно двете страни да се вратат на нивната клучна цел, односно да го препознаат интересот на граѓаните и да го заштитуваат и промовираат.

Според Марија Савовска, извршена директорка на Акција Здруженска проблем е комуникацијата и соработката, но тоа произлегуваат од фактот што ниту граѓанските организации се оспособени да разграничат што е важно да се пласира како информација од она што го работат, ниту пак да ја спакуваат на начин, кој што ќе биде приемчив за медиумите.

-Мислам дека одговорноста треба да ја ставиме на двете страни, бидејќи и медиумите, а и граѓанските организации го имаат делот од одговорноста да се оспособуваат за таа комуникација и соработка да се одвива без проблеми. Еден од начини да почне да се решава овој проблем е да се развиваат стратегии, во кои поблизу ќе се соработува, дури можеби и пракса на лица од граѓански организации во медиуми кои што се отворени за такво нешто или пак новинари кои би поминале дел од своето време во организации -наведе таа.


Дебатата за медиумска слобода е во рамки на проектот „Градење на алијанси за слободно новинарство и демократско општество“ кој го организира УСАИД, а го спроведува Фондацијата отворено општество-Македонија, Институтот за општествени и хуманистички науки-Скопје во партнерство со Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија (ССНМ).

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

ВМРО ДПМНЕ ќе предложи амандман за ослободување од социјално и здравствено осигурување на медиумските работници

Катерина Ѓуровски