(ВИДЕО) Чаир во црвено-црна боја

Од:

Цел Чаир е во црвено-црна  боја, се веат огромни албански знамиња. На бандерите покрај албанското е поставено и државното знаме на Република Македонија.

Знамиња, ги красат и улиците, и се поставени од едниот на другиот крај на улиците.

Според законот, за кој имаше остра дебата и спротивставување, а беше изгласан на самиот почеток на мандатот на актуелниот парламентарен состав, државното знаме се поставува во институција, на прослава, манифестација заедно со знамето на заедницата со етничка припадност кој брои повеќе  од  50 отсто во местото и државното знаме треба да биде 1/3 поголемо од тоа на заедницата, пишува во Законот, донесен минатата година во јули.

Кој и како ќе одговара, се уште никој не се изјаснува.  Казната за прекршителите на Законот е парична.

И бидејќи, полицијата , реагира на пријави, а тоа досега никој не го сторил, како што објасни министерката Јанкуловска, состојбата во владината коалиција е како во народната „И волкот сит, и овците на број“.

Денеска е Ден на албанската азбука, а со низа манифестации , поставување, огромни знамиња, споменици, како оној на Адем Јашари, веќе е почната прославата на албанската независност.

Централната прослава ќе се одржи во недела во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Ќе присуствуваат лидерите на албанската заедница и партии од регионот.

 

 

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска