(ВИДЕО) Царовска: Усвоени измени на Законот за стечајци, опфатени дополнителни 1.900 лица

Од:

На денешната седница Владата ги усвои најавените измени на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, предложени од страна на Министерството за труд и социјална политика.

Со законот, кој што беше донесен во септември 2017 година, досега се издадени решенија на 2732 стечајни работници. Со овие измени ќе бидат опфатени дополнителни 1900 лица.

Со усвоените измени и дополнувања на законот се олеснуваат потребните услови утврдени со постојниот закон, кои се однесуваат на стекнување на правото на материјално обезбедување доколку престанокот на работниот однос настанал во моментот кога претпријатието со доминантна сопственост на државата се приватизирало, под услов единствениот матичен број на субјектот да не е променет од моментот на засновањето на работниот однос во тоа претпријатие, до неговиот престанок.

Истовремено, поголема флексибилност е дадена со условот за потребната возраст која треба да ја има невработеното лице (најмалку 52 години за жени, односно 55 години за мажи), со тоа што истата сега се исполнува не од моментот на стапување во сила на постојниот закон, туку во моментот на поднесување на барањето за остварување на правото за материјално обезбедување.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска