(ВИДЕО) Царовска: Не смее да има злоупотреба на најранливите граѓани во текот на изборите

Од:

Министерката за труд и социјална Работа Мила Царовска денеска беше во посета на неколку центри за социјална работа со цел, како што рече да види кои услуги се достапни за граѓаните, кои се проблемите и предизвиците со кои се соочуваат вработените и раководните лица, но и да им укаже дека не смее да се случува никаква злоупотреба или манипулација со најранливите категории граѓани во текот на изборите.

– Многу е важно, ниту една политичка партија да не се обидува да ги злоупотребува, да додава или да укинува права на граѓани кои што се под социјална заштита во Република Македонија. Ние сме сведоци дека во изминатиот период, врз грбот на најранливите категории граѓани се кршеа многу копја и затоа партијата, која што беше претходно на власт се обидуваше да ги злоупотреби. Но тоа престанува и наша главна задача е да спречиме секаква злоупотреба на овие граѓани кои што се под наша заштита, рече Царовска по посетата на Центарот за социјална работа во Кратово.

Потенцира дека такви дојави имало многу во МТСП и информира дека биле најдени и дvojni досиеја и исплати и финансиски злоупотреби во неколку центри за социјална работа во Република Македонија.

– За тоа ја известивме Управата за финансова полиција која што е под Министерството за финансии. Тие ја собраа целата потребна документација. Исто така, тие беа во надзор во Министерството за труд и социјална политика, но веќе се на терен и во центрите за социјална работа, за да може да го соберат целиот доказен материјал, секако со одобрение на Основен суд Скопје 1, од каде добија налог за да може да го работат овој предмет, рече министерката за труд и социјална политика.

Додаде дека повеќе детали не може да соопшти, освен дека, за сите за кои ќе се утврди дека имаат кривична одговорност, ќе се покрене соодветна постапка.

– Затоа, последен пат апелирам до сите раководни структури во центрите за социјална работа, но и вработени, кои што извршуваат работни задачи, да не се обидуваат во партиски, изборни интереси да ги злоупотребат најранливите категории на граѓани кои што се под социјална заштита, истакна Царовска.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, во рамки на редовните работни посети на центрите за социјална работа низ државата, освен во посета на Центарот во Кратово, ќе ги посети и центрите Пробиштип, Кочани и Делчево.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска