(ВИДЕО) Бујар Османи како Вучиќ: Со креда на табла ја нацрта преговарачката рамка со ЕУ

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи сними видео во кое даде кратко објаснување на суштината на преговарачката рамка со ЕУ, што според него е одговор на бројните шпекулации поврзани со нејзината содржина.

Османи сними видео во кое со креда како наставник на училиште црташе на таблата како изгледа преговарачката рамка. Ова видео е слично со видеото на српскиот претседател Александар Вучиќ кој во септември 2022 година објаснуваше како ја спасил Србија од банкрот и зошто купениот гас го складираат во Унгарија.

„Прво, преговарачката рамка е поделена во два дела – општ и специјален дел. Во општиот дел се т.н. општи одредби од преговарачката рамка за коишто ниту се прави писмен извештај од Европската Комисија, ниту е потребно гласање од страна на Европскиот совет, т.е., од стана на земјите-членки на Унијата.

Во специјалниот дел се наоѓаат 35-те поглавја, за кои постојат одредници кои мора да се исполнат и за кои Европската Комисија подготвува извештај, а земјите- членки со гласање го одобруваат. Овие одредници се содржани во трите патокази што ќе ги подготвиме после скринингот, а ќе ги усвои Европската Унија. Toa се: патоказ за владеење на право, патоказ за јавна администрација и патоказ за демократски институции.

Во еден од овие патокази, патоказот за владеење на право, се наоѓа акциски план за малцинства, за сите малцинства, етнички или неетнички.
Она што е поважно е што во ниту едно од овие одредници, патокази или скалила во специјалниот дел од преговарачката рамка нема никаква референца или поврзаност со Договорот за пријателство со Бугарија, никакви референци по прашањето на работата на Историската комисија, ниту пак прегледите од член 12 од истиот Договор.

Напротив – и Договорот за пријателство и прегледите од член 12 од Договорот, како и Договорот со Грција се нотирани во општиот дел од рамката, делот за кој ниту се изготвува извештај од страна на Европската Комисија, ниту претставува предмет на гласање, или одобрување од страна на Советот на ЕУ, односно земјите-членки на Унијата. Тоа не значи дека ние нема да работиме на нивната имплементацијата, ние секако ја имаме преземено таа обврска, но и тоа ќе го правиме во добра волја, но тие не се одредници за кои ќе се изготвува Извештај или ќе се гласа и оттука не можат да бидат основа за нова пречка на патот“, објасни Бујар Османи.

Би можело да ве интересира

Вучиќ по средбата со Каја Калас: Отворен и тежок разговор!

А1он

Вучиќ: Обид за голем и жесток хибриден напад врз нашата држава

А1он

Нема што веќе да правиме и нема да правиме, ако во Брисел некој одлучил да биде заложник на политичари од 19 век

Катерина Ѓуровски

Вучиќ и Мицкоски разговараа за економски и инфраструктурни проекти, со посебен акцент за пругата Будимпешта-Белград-Скопје-Атина-Пиреја

Османи: Рамковниот договор е најуспешниот мировен договор на Западен Балкан

Вучиќ: Ако е загрозена безбедноста на Москва, Путин нема да се двоуми, ќе употреби нуклеарно оружје

А1он