Љупчо Бубо Каров од популарните К-15 во неделното интервју на Радио Слободна Европа вели дека ова што се случува со студентите, луѓето сè повеќе и повеќе се охрабруваат да излезат надвор, да го кажат јавно своето мислење.
Можеби, посочува, кај младите пораснала свеста, но на постарите им дошло веќе преку глава, немаат друг избор.
„Полошо има секогаш, како што има и подобро. Кога работев во МТВ, имавме еден курир кој имаше една генијална изрека и на прашањето како е, секогаш одговараше „подобро жив, отколку мртов“, така што подобро има секогаш и полошо има секогаш. Во моментов она што го имаме сега во споредба со она за што разговаравме изминатите години мислам дека ситуацијата е многу полоша во медиумите, само што сега полека почна да се разоткрива, полека почнаа сите работи да излегуваат на виделина и мислам дека сега актуелната власт полека почнува да ја фаќа паника. Официјалната политика полека, полека чувствува дека го губи тлото под нозе. За нивна среќа тие процеси кај нас многу бавно течат и многу полека се развиваат, меѓутоа мислам дека, барем јас по тоа што ценам, по обидите што ги гледам по некои медиуми каде што невешто се обидуваат да изглумат слобода на медиуми, невешто се обидуваат да изглумат демократија. Јас мислам дека тие живеат во еден филм во којшто основна девиза е: Ај да пројде ова, да го избуткаме со демократијата, па после да си тераме работа како што сме си наумиле.Господине Каров, може ли да направите една ретроспектива за односот на општеството кон хуморот, преку растот и развојот на К-15 во овие дваесет години“, прашува Каров.
По две години како К-15 ја нема веќе во медиумите Каров мисли дека како што сега стојат работите, нема клима повторно за ваква емисија.
„Лично мислам така, ова е мое лично мислење, дури мислам дека ако сега зборувам за, условно речено, поголемите телевизии, мислам дека ако сега отидеме да разговараме со менаџерскиот тим на тие телевизии и да им кажеме еве ви го бесплатно К-15 како производ, мислам дека никој нема да го прифати“, посочува Бубо Каров.
Закон за дозиран хумор имало отсекогаш, вели Каров, само што не бил донесен.
„Јас од многу одамна се занимавам со оваа работа, законот за дозиран хумор е уште од времето на социјалистичка Југославија, а претпоставувам дека било и порано. Ние сме имале случаи, само тогаш процентите беа поинаку изразени. Во МТВ кога работевме за плата, кога го правевме НННРВ, кога нè казнуваа, нè казнуваа со 30-35 отсто од плата, значи ете ти го законот, уште тогаш бил во подготовка, ама не сме знаеле“, вели популарниот Каров.