(ВИДЕО) Бубевски: Кривичниот суд не ги отфрли трите бомби на СЈО во предметот против Сеад Кочан

Од:

Советот за оценка на обвинителниот акт при Кривичниот суд, одлучил да не ги отфрла трите понудени бомби на специјалното јавно обвинителство како доказ во предметот „Труст“, изјави обвинителот Гаврил Бубевски по денешното прво рочиште. Од нив една е јавно објавена бомба за разговорот меѓу Никола Груевски и Влатко Чинговски, ексдиректорот на АД ЕЛЕМ.

Адвокатката Сања Алексиќ за „Макфакс“ која застапува еден од обвинетите, не прецизираше дали тие како адвокатски тим побарале издвојување на бомбите, или станува збор само за оценка на обвинителниот акт. Ова е прво обвинение, кое уште во фаза на оценка на обвинителниот акт не ја оспорува законитоста на бомбите како доказ во постапката.

В. М.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 770 училишта во Британија добија закани за поставени бомби

Бран закани со бомби ги потресе европските аеродроми: Најмалку 27 авиони се цел

(ВИДЕО) Серија закани за поставени бомби во авиони

Горан Наумовски

Закани за поставени бомби во неколку судови во Белград, Нови Сад и Ниш

Си-Ен-Ен: САД размислуваат да ја употребат „мајката на сите бомби“ против Иран

Горан Наумовски

Полицијата пронајде 12 бомби поставени на далеководи, се трага по екстремист