(ВИДЕО) Бубевски: Кривичен има набавено камери за снимање на судските процеси

Од:

Судот треба да обезбеди услови за судење односно да набави камери за судењата да течат непречено онака како што е предвидено во Законот за кривична постапка. Набавувањето оди тешко но јас имам сознанија дека Судот веќе е во процес на набавка на опрема која ќе овозможи судење во исто време на повеќе случаи, информираше обвинителот од СЈО, Гаврил Бубевски.

Во врска со обвинението за нарачаните шамари во општина Центар, Бубевски рече дека нема никакви пречки судењата за овој предмет да почнат одново при што потсети дека веќе има 2 признанија на вина кои имаат правосилни одлуки.

За вкрстеното испрашување обвинителот вели дека е специфичен процес кој не би требало да се повторува уште еднаш поради одговорите кои се дадени.

-Предметот ќе го земе друг судија и мислам дека процесите ќе се движат како што треба. Судењето ќе почне после нова година и нема да има никаков проблем, вели Бубевски.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов