ВИДЕО: Бошкоски тврди дека „убијците“ во „Ровер“ не ни биле во Македонија кога се случило убиството

Од:

Љубе Бошкоски на продолжението на процесот „Ровер“ побара да се укине статусот на заштитениот сведок и да даде исказ како сите сведоци, но и обвини дека судот без да го утврди идентитетот на осудените за убиството Марјан Тушевски си донел неиздржани пресуди.

– Бидејќи вие две години не можете да ги најдете првообвинетите, а кои секоја држава би ги нашла за неколку дена, еве да ви помогнам. Имам информации дека првообвинетиот во случајот „Ровер“ Предраг Чубрило е починат и затоа треба да се провери дали е мртов, да не водите судски процес против мртов човек. Проверете и дали бил присутен во Македонија кога било извршено убиството.

– Проверете дали второобвинетиот кој бил во затвор во Србија за време на убиството овде, можел на некој начин да дојде па да се врати повторно назад во Србија во затвор. Посебно треба да се провери, а јас ви тврдам дека е така-третообвинетиот за убиството, не само што не бил во Македонија кога било убиството, туку тој не бил и во Европа, туку на друг континент. Од тука е јасен целиот процес, и затоа ова корумпирано судство заслужува еден ден целосно да биде распуштено, па да почне наново да се гради, рече Бошкоски.

Одбраната на Бошкоски побара од судот неопходно сослушување на сите сведоци од актуелниот судски состав, бидејќи биле сослушувани од друг судски состав на претходниот претрес. Тие посочија дека се уште нема интервенција во обвинителниот акт, по што побараа гаранција од судот дека тоа нема да го дозволи во иднина.

– Со оглед на тоа дека јавниот обвинител остана при претходните докази, во кое спаѓа и сослушување на заштитениот сведок, да се донесе решение со кое ќе се отповика решението за заштитен сведок, бидејќи не постојат никакви законски основи за тоа. Затоа, истото лице да се сослуша како и останатите обвинети, изјави адвокатот Владимир Ракочевиќ.

По ова барање на одбраната, се произнесе обвинителката Лидија Раичевиќ – Вучкова која се обрати кон Бошкоски прашувајќи:

„Kој ви го кажа тоа и од каде ги знаете тие информации“? Таа рече дека фактите мора да се проверат, при што Бошкоски одговори дека „кабинетот во Идризово не му е опремен толку“, и побара судот да ги провери овие наводи.

Во однос на барањата на одбраната на обвинетите, Раичевиќ – Вучкова ги одби сите, освен оние на Бошкоски за проверка на информациите дали се живи и каде навистина се наоѓале за време на убиството. Таа за барањето за заштитениот сведок да му се одземе статусот побара аргументи дека нема да му се случи ништо и да кажат поради кои причини го бараат тоа. Раичевиќ кажа дека таквиот предлогот не може да се уважи во постапката.

Во однос на обвинението, тоа нема да претрпи промени, рече обвинителката, но ќе се земат во предвид нови докази доколку можат да влијаат на елементите во случајот.

За време на траењето на процесот, пред Апелациониот суд се собраа поддржувачи на Бошкоски. Случајот „Ровер“ кој после повеќе од една декада беше покренат за расчистување на убиството на Марјан Тушевски и Кирил Јанев на Бошкоски му донесе 12 години затвор, кои Апелациониот суд ги поништи, барајќи конкретни докази за таквата пресуда и за вината.

Во процесот се појави еден заштитен сведок кој сведочеше врз база на тоа што го слушнал од други, а ништо сам не видел, додека обвинетите за убиство кои се странски државјани судот го бараше преку својата огласна табла.

 

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Пресуда за Љубе Бошкоски: Не е виновен за „Ровер“

Васко Маглешов

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска