ВИДЕО: Бошкоски правеше галама во судот со цел да биде отстранет

Од:

Обвинетиот во процесот „Ровер“ Љубе Бошкоски со сила беше донесен на денешното судско рочиште.

Бошкоски дојде облечен во тренерки во судницата, симболично демонстрирајќи го незадоволството и непочитувањето на неговата одлука да го бојкотира процесот со негово непојавување.

Тој е незадоволен бидејќи судот не ја запазил правната постапка за проверка на сознанијата кои ги спомнува веќе три рочишта по ред, а тоа е дека првообвинетиот Предраг Чубрило е починат, а останатите двајца српски државјани на кои им се суди во отсуство, пак, воопшто не биле во државата кога се случило двојното убиство на Маријан Тушевски и Киро Јанев.

Според неговите информации, за време на убиството – едниот бил в затвор, а другиот надвор од Европа.

– Јас морав да дојдам во судница, ме донесоа на сред правење склекови. Доколку не се исполни договорот односно Конвенцијата помеѓу Македонија и Србија, кој е ратификуван според правниот поредок на Македонија, мене може само со ланци да ме држите овде. Не сакам да ја трпам оваа циркузијада и да се изживувате врз мене – изјави Бошкоски, по што беше замолен да не создава галама, при што тој одби да го послуша судијата и беше отстранет од судницата.

Судот ги прифати барањата на одбраната на Бошкоски на следниот претрес шестмината обвинети против кои претходно беа повлечени обвиненијата да бидат сослушани во улога на сведоци. Меѓутоа, беше одбиено барањето за повторно сослушување на утврдените сведоци, кои одбраната го побара поради промената на Судскиот совет.

Обвинителката Лидија Раичевиќ – Вучкова истакна повторното сослушување на сведоците ќе претставува одолговлекување на процесот. Таа рече дека останува на постоечките докази приложени во текот на главниот претрес и нема да се изврши промена на обвинителниот акт, а доколку одбраната има нови докази – да ги приложи.

– Ние баравме сите докази да бидат изведени повторно, сметавме дека тоа треба да биде застапено, сепак, судот ги одби нашите предлози сметајќи дека економичноста на постапката е поважна. Не е почитуван договорот меѓу Македонија и Србија за правна помош, не е почитувана процедурата за повикување на првите четири обвинети. Од тие причини Бошкоски одби да присуствува на судењето и по вербална расправија со судијата беше отстранет – изјави адвокатот на Бошкоски, Константин Кратовалиев.

П.К.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Пресуда за Љубе Бошкоски: Не е виновен за „Ровер“

Васко Маглешов

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска