Обвинетиот Љубе Бошкоски денеска повторно беше отстранет од судницата, на продолжението од судскиот процес „Ровер“. Тој рече дека го признава судот, но не и судската власт, бидејќи води монтиран процес со кој се повеќе се давела во жив песок.
– Јас сум незауздан бунтовник, но се бунтувам со причина. Мојата порака кога велам дека „догодина ќе завршите во Идризово“, би ја заменил со една реченица од Библијата „ќе ви биде мерено со истата мерка со која вие мерите денеска“. Ова е Монти Пајтон, продолжение на процесот не сакам да гледам – изјави Бошкоски, со што при вербална расправија со судијата беше отстранет.
Исказ пред судот во врска со пиштолот кој беше изнесен како доказ даде и обвинетиот Ивица Ристиќ, кој рече дека тоа не е пиштолот кој и го има предадено на полицијата.
Забелешката на адвокатот, Димитар Савоски е дека оружјето за прв пат се изнесува како доказ.
– Оружјето требаше да биде изнесен уште на првото судење, не само сега. Меѓутоа, веќе на изведена доказна постака – дури сега се дава пиштолот на увид. Изјавата на Ристиќ дека не го препознава пиштолот е бидејќи обвинението го терети обвинетиот дека кај него биле оставени тие пиштоли, па после тој ги предал на пријател, па после кај пријателот го нашол пиштолот. За жал, не беше дозволено да се постави прашање во врска со пиштолот. Доколку пиштолот беше предочен како доказ уште на првото судење, ќе можевме да го прашаме, сега ја немаме таа можност – изјави адвокатот Савоски.
Петар Клинчарски