(ВИДЕО) Бошкоски: Груевски како скечот со Пантиќ, сака да биде “капетан на бела лаѓа, но мора пред тоа во ќорка“

Од:

Пред истражниот затвор „Шутка“ Груевски на присутните им раскажува како тој ќе се борел за да ги извади луѓето притворени за учество во рушењето на уставно-правниот поредок на Македонија, а според сите прописи тоа треба да биде негов иден дом, рече претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Бошкоски кажа дека Груевски е тој кој што тие луѓе ги ставил во притвор, бидејќи почувствувал дека не ја поддржуваат неговата политика.

– Најблиските негови соработници не отидоа ниту на таканаречениот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово, рече Бошкоски.

– Откако сфати дека нема биде лидер, на Груевски му текнало дека сака да биде банкар. Тоа ме потсети на скечот на српскиот глумец Шојиќ, кој му вели на Пантиќ дека сакал да биде „капетан на бела лаѓа, но пред тоа мора во ќорка“, се пошегува Бошкоски.

Тој додаде дека на Обединети за Македонија не им треба Конгрес ниту свечености за да го преземе членството на ВМРО-ДПМНЕ, кое што секојдневно преминува во таа партија.

– Им порачуваме на нашите браќа од ВМРО, вратите на Обединети за Македонија се ширум отворени, затоа што ние сме ВМРО. Ги повикуваме масовно да се приклучуваат и ги разбираме нивните проблеми со кои се соочени, оцени Бошкоски.

На отворањето на штабот на Обединети за Македонија во Кисела Вода тој кажа дека имаат јасна визија за Македонија, дека знаат како треба да се гради земјата и со какви проблеми е соочена. Најави дека имаат решенија за тие проблеми.

– Како десничарска, демохристијанска партија ќе направиме се за да го вратиме достојниот живот во Македонија, кој е изгубен, рече Бошкоски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ