(ВИДЕО) Бошкоски: Еден ден ќе ве наредиме и ќе ве судиме по Устав и Закон

Од:

Љубе Бошкоски денеска ја напушти судницата сред судење, поради незадоволство од тоа како постапува судот и како што рече незапазување на законските прописи.

Бошкоски се наулути поради тоа што судот не ја запазил постапката за сознанијата што тој ги дал на претходното рочиште, дека првообвинетиот Предраг Чубрило е починат во Босна. Бошкоски уште еднаш пред судот посочи дека второ и трето обвинетиот за време на ликвидацијата на Маријан Тушевски и Киро Јанев не биле во Македонија-едниот бил во затвор, а другиот во држава на друг континент.

Бошкоски на судот му укажуваше дека не ја запазиле постапката за да ги најдат обвинетите српски државјани, појаснувајќи дека во судница не дошол да држи лекции по право и како треба да се постапи кога се бараат странски државјани.

И Бошкоски и неговата одбрана на судот му посочија дека четворицата обвинети кои се српски државјани не треба да ги бараат преку Интерпол туку преку Министерството за правда, а по пратениот допис српските органи на прогонот да ги најдат зошто се познати нивните адреси на живеење.

Нервозно Бошкоски соопшти дека не сака да биде дел од циркузијада.

„Вие судите на луѓе на кои не им го знаете идентитетот. Не знам на кој сме помагале, не го разбирам ниту обвинението, и гледам дека МВР не сака да си ја заврши работата, бев министер да не заборавите, па знам“, рече Бошкоски во судница.

По неговото обраќање пред судот, Бошкоски стана и побара од стражарите кои го донесоа да го вратат во Идризово.

„Не заборавајте власта е минлива и променлива категорија. Ова што го правите е срамно и ќе одговарате. Ќе дојдеме на власт ќе ве наредиме и ќе ве судиме. Ова нема да се заборави“, рече Љубе Бошкоски.

Од начинот на работа на судот не беа задоволни ниту адвокатите кои ја контактирале српската амбасада, и добиле појаснување како оди постапката за проверка на граѓани кои се барани од македонските судски инстанци.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Пресуда за Љубе Бошкоски: Не е виновен за „Ровер“

Васко Маглешов

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска