ВИДЕО: Бомбите за Русковска пред Апелација, ексдиректорот на УБК бара Хаг да го суди „Организатори на 27 април“

Од:

Снимките каде се тврди дека се слуша гласот на обвинителката Вилма Русковска и се вели „Не го држев, два месеци го заборавив, го заборавив буквално.. го заборавив, намерно“, влегоа во судскиот процес за предметот „Организатори на 27 април“. Со нив, адвокатот на ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски, бараше изземање на обвинителството од случајот, а предметот да биде предаден на постапување кај обвинителот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг.

„Со оглед дека имаме нов момент по поднесување на жалбата а се однесува на работата на јавното обвинителство, а знаеме дека јавното обвинителство работи врз основа на хиерархија, имаме докази кои ја бодат душата на секој правник, а ги добивме од свиркач неодамна, а се објавени во јавните медиумите, кои укажуваат на кој начин се водел овој предмет и како е можно едно лице да биде намерно ставано во притвор, заборавено и да му се врши деградација на неговата личноста, а тоа е нашиот штитеник, почитуваниот ексдиректор на УБК Владимир Атанасовски. Тука се доказите каде јавното обвинителство кажува дека намерно Атанасовски е ставен во притвор и заборавен, а тоа кажува на нашите констатации во истрагата и во првостепената постапка дека се работи за политички конструиран предмет“, кажа Јордан Апостолски, адвокат на ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски кој бара укинување на првостепената пресуда за случајот.

Адвокатот Апостолски смета дека ако случајот го застапува Меѓународниот кривичен суд, одлуката која ќе ја донесе ќе биде правична.

„Поради овие причини, бараме прво изземање на вишото јавно обвинителство кое постапува во предметот, а бидејќи кажав дека се работи за орган кој работи врз основа на субординација и хиерархија, бидејќи се сомневаме дека учествува во сите овие незаконски дејствија. Бараме изземање на јавниот обвинител на Република Македонија. Дополнително бараме овој кривичен предмет да биде отстапен на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд во Хаг бидејќи се работи за кривично дело кое спаѓа под негова надлежност. Тоа го бараме бидејќи нашиот клиент и сите обвие обвинети а и македонската јавност заслужува да се открие вистината за немилиот настан кој се случил на 27 април 2017 година. Тоа е само можност согласно и доколку се почитува правото на фер судење“, додаде Атанасовски.

Јавната седница во Апелација е со цел укинување на пресудата за предметот „Организатори на 27 април“. Снимките со кои се бара изземање на обвинителството, никогаш не беа потврдени дека се автентични. Русковска во изјава за „А1он“ кажа дека не знае дали тоа е нејзиниот глас.

Поранешните функционери Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски добија затворски казни од вкупно 25 години за организирање на настаните од 27 април 2017 година, кога се случи упадот во Собранието. Кривичниот суд во Скопје денеска ги соопшти пресудите, со кои поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски е неправосилно осуден на шест и пол години затвор, екс-министрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски добија казна од 6 години и три месеци затвор, додека поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски е осуден на 6 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Русковска која беше инструмент на власта во прогонот на неистомислениците и патриотите, сега има можност да ги признае сите злодела

(ВИДЕО) Русковска пред еден месец кажа дека има информации за нејзиното разрешување

Александар Тодески

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска