(ВИДЕО) Богојески: „Македонски концепт“ е платформа која ќе ги обедини граѓаните околу принципи и идеи

Од:

„Македонски концепт“ е нова политичка платформа, која на граѓаните ќе им понуди длабоки реформи во секој поглед на општеството, концепт за кој ќе се обединиме со заеднички идеи и принципи, рече Петар Богојески, кој ја промовира платформата. Богојески рече дека засега ова ќе биде граѓанска платформа, која веќе почнале да ја презентираат на терен меѓу граѓаните, при што не одговори дали идејата е оваа платформа да премине во политичка партија.

„’Македонски концепт’ засега е платформа, не е партија, и засега целта ни е да обединиме повеќе граѓани преку поинаква идеја, кои ќе понудат решенија и излез од состојбата во која се наоѓа државата. Јасно ни е дека на државата не ѝ е потребна онаа реставрација на минатото што ја нуди ‘Обнова за Македонија’ или она што веќе го имаме од програмата ‘Прав пат’ на СДСМ, сметаме дека ни е потребен нов пат, наш пат на вистински реформи. На Македонија ѝ се потребни длабоки суштински реформи, реставрација на системот, кој е во дисконтинуитет во последните 30 години. Отворени сме за соработка и ги повикуваме не само граѓаните туку и организациите и политичките партии да се обединиме заедно, не по хиерархија, туку по понуда на решенија за да изградиме подобра Македонија“, рече Богојески на претставувањето на платформата.

Богојески не одговори конкретно ниту како ќе се позиционираат на изборите, повтори дека тоа зависело како ќе бидат прифатени од граѓаните на терен.

„Тоа зависи од граѓаните. Зависи како идејата ќе помине на терен. Ако имаме добри шанси и прифатеност на терен, ќе видиме какви се шансите за друг облик на политичко дејствување. Но, за тоа дополнително ќе донесеме став“, додаде Богојески.

Во однос на финансирањето на „Македонски концепт“, Богојески рече дека платформата се финансирала од пријатели и спонзори, кои препознале успешна идеја за поддршка.

Би можело да ве интересира

И Богојески тврди дека нема бугарски пасош

Ана Ололовска

Богојески: ЕУ и САД да донесат итно решение за спорот помеѓу Македонија и Бугарија наметнат од бугарската страна

Ана Ололовска

Богојески: Ова не е едно општество за сите, ова е општество против сите

Ана Ололовска

Македонскиот концепт: Недозволиво е молчење на македонската Влада за манифестот на Бугарија

Ана Ололовска

Македонски концепт нуди концепт за справување со отпадот во Македонија

(ВИДЕО) Македонски концепт: Ова ни е последна шанса да изградиме нормална држава

А1он