И Богојески тврди дека нема бугарски пасош

Од:

Петар Богојески од Македониски концепт ги отфрла како лажни наводите изнесени од бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов дека има бугарски пасош.

„Каракачанов веќе ја преминува црвената линија. Со овие удбашки методи на црнење на моето име ништо нема да постигнеш, напротив уште повеќе ме мотивираш да ве направам турска туршија или да ве растурам како бугарска скупштина“, изјави Богојески.

Од Македонски концепт велат дека нападот против Богојески почнал со лаги дека е кадар на Каракачанов во Македонија и дека е финансиран токму од него, потоа продолжил со невистини дека Каракачанов го школувал Богојески во Бугарија и му давал стипендија, па повторно лаги за фиктивна средба на Пироска 5 и престој на Петар Богојески во апартманите на Каракачанов, лаги и манипулации дека има бугарски пасош уште од 2002 година.

„Дај еднаш договорете се бугарските болшевици помеѓу себе, кои лаги ќе ги ширите за мене, вака ептен е непријатно да бидете цело време фаќани во лага! Целата пропаганда во Македонија ви е базирана на лаги, на фалсификувани документи, фалсификувани докази, затоа и ништо не ви поминува. И нема да ви помине”, додава Богојески.

Богојески го повика Каракачанов да потврди дека навистина е тој споменатото лице Петар Богојески, и во тој случај ако се потврди за точно, да му додели бугарски пасош по брза постапка, во спротивно ќе отпочне судска постапка каде Каракачанов ќе треба да ги докаже сите лаги и клевети изнесени за Богојески.

„Ако ми дадеш пасош следните денови и ме внесеш во избирачки список, за жал нема да гласам за ниту една болшевичка опција во која, за жал, си и ти, а ќе гласам за вистински европски политичари во Бугарија, кои знаат што значи проширување на ЕУ на Балкан”, заклучи Богојески.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина