(ВИДЕО) Богоевски: Потребна е ревизија на сомнителните катни гаражи во Скопје

Од:

„Коце Трајановски и Никола Груевски се расфрлаа со десетици милиони евра за катни гаражи во строгиот центар на Скопје, а граѓаните сеуште паркираат на кејот на реката „Вардар“.

На пример, за катната гаража „Тодор Александров“ на улица „Даме Груев“ Градот Скопје потроши над 17.3 милиони евра за 605 паркинг места. За катната гаража „Македонска фаланга“ беа потрошени над 11.1 милиони евра (за 445 паркинг места), а за катната гаража Солунски Конгрес над 7 милиони евра (за 280 паркинг места. Катната гаража Смилевски Конгрес има само 169 гаражни места, а за неа се потрошени над 4.7 милиони евра, и сеуште не е пуштена иако беше почната во февруари 2013 година! (Извор, „Скопје 2014 под лупа“).

Почитувани,
Како е можно катните гаражи што ги градеа Коце Трајановски и Никола Груевски да бидат три до пет пати поскапи од приватните катни гаражи?
Потсетуваме дека извештајот на Државниот завод за ревизија за 2014 година откри дека катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“ се граделе без да се испочитуваат одредбите од условите во тендерот.

Ветуваме дека новата градска власт по 15 октомври ќе направи ревизија на сите проекти, со цел да утврди дали се кријат коруптивни мотиви во изградбата на државните катни гаражи“ рече Павле Богоевски, пратеник во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ