(ВИДЕО) Богоев за ДУП-от во Козле: Да не прејудицираме за одлуката, советниците се разумни

Од:

„Да не прејудицираме како ќе одлучи советот, тука во Карпош има разумни советници кои си одлучуваат со своја глава“, вели градоначалникот Стефан Богоев за деталниот урбанискички план според кој треба да се изградат 50 објекти зад Институтот за белодробни заболувања кај децата „Козле“.

Граѓани и невладини организации бурно реагираат на овој ДУП. Според нив не е во ред да се урбанизира просторот зад клиниката во која со децении се лекуваат деца со белодробни заболувања.

Невена Георгиевска од „О2 иницијатива“ вели дека ДУП-от е донесен во времето на Стевчо Јакимовски, пред шест години. Таа смета дека повторно треба да има јавна анкета за ДУП-от, и стратегиска оцена за влијание на животната средина бидејќи се работи за место кое е дел од парк шумата Водно.

Би можело да ве интересира

Реакција од општина Карпош во врска со барањата за легализација

Општина Карпош со реакција до кандидатот за градоначалник Сотир Лукровски: Дека детските градинки и основните училишта во општината се правни лица, а не се фирми

Горан Наумовски

Советниците од Карпош се противат на владината одлука за одземање на салата „Партизан“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јакимовски: „Мајски цвет“ ќе се урива, на нејзино место ќе се гради нова и модерна градинка

Урбанизацијата го однесе зеленилото, 22 од 34 градски општини не ги исполнуваат стандардите

Катерина Ѓуровски

Општина Карпош: Не можеме да се изначудиме како ВМРО-ДПМНЕ го укина „Член 62 а“ од Законот за градба