(ВИДЕО) Бочварски: Привршуваме со изградбата на социјалната зграда во Гевгелија

Од:

Социјалната зграда во Гевгелија со која треба да биде решено станбеното прашање на 52 семејства се очекува да биде завршена до април следната година. Низ државата вкупно се градат 700 станови за социјално ранливи категории граѓани преку АД за стопанисување со станбен и деловен простор.

-Се грижиме за најранливите категории на граѓани. Тука сме денес на увид во изградбата на социјалната зграда, која убеден сум дека ќе го реши станбеното прашање на 52 социјално ранливи семејства во Гевгелија. Вложуваме 79 милиони денари за изградба на овие станови, очекувам до април 2022 година зградата да биде завршена и да ги прими своите први станари, изјави министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски при денешната посета на инфраструктурните прокети во Општина Гевгелија.

Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор Кристијан Трајковски информираше дела во државава се градат преку 700 социјални станови.

-Очекувам во текот на наредната година, овој објект да го предадеме на Министерството за транспорт и врски и да започне постапката за распределба на сите овие станови кои се потребни на нашите граѓани од социјално загрозена категорија. Она што можам да го потенцирам е дека Владата на Република Северна Македонија, заедно со Министерството за транспорт и врски останува силно посветена на решавањето на проблемите на граѓаните и изградба на сите оние станбени единици кои се предвидени во иднина, изјави Трајковски.

Тој најави дека во следниот период АД за стопанисување со станбен и деловен простор ќе се фокусира и на изградба на комерцијални станбени згради со што, како што рече, ќе понудиме нови станови со поволни цени на пазарот.

Во Општина Гевгелија преку проектот за Поврзување на локални патишта, во населеното место Мрзенци во тек е реконструкција на ул. „Методија Андонов Ченто“, којшто, посочи Бочавсрки, е значаен за локалните жителиа, инвестицијата изнесува речиси 10 милиони денари.

Бочварски соопшти дека е во тек подготовка на тендерска документација за реконструкција на водоводни и канализациски линии во Општина Гевгелија, а за активностите се предвидени 138 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Доделени 45 социјални станови во Неготино

Предраг Петровиќ

Фрчкоски: Социјална зграда вредна 10 милиони евра, СДСМ инвестира во инфраструктура и се грижи за ранливите

Катерина Ѓуровски

Ковачевски им ги предаде клучевите од становите на 28 семејства во социјалната станбена зграда во Гевгелија

Предраг Петровиќ

Педесет и две социјални семејства од Гевгелија ќе добијат социјален стан

Ана Ололовска

Бочварски: Го распишавме јавниот повик за распределба на социјалната зграда во Свети Николе

Ана Ололовска

Бочварски: Од утре јавен оглас за распределба на 70 социјални станови во Гостивар

Ана Ололовска