Во Виница се градат 36 социјални станови, ќе се инвестира и во градскиот водовод

Од:

Изградбата на првата социјална зграда во Виница се интензивира и се очекува во планираниот период од 18 месеци објектот да биде завршен.

Увид во градежните работи направија министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски и градоначалникот на Виница, Ивица Димитров, при што констатираа дека според сегашната динамика на градба, социјалната зграда може да биде ставена во функција и пред рокот.

– Социјалната зграда во Виница е еден од проектите со кој ќе им помогнеме на 36 најзагрозени семејства од општината. Според информациите од изведувачот, а и она што го видовме на терен, најверојатно таа ќе биде завршена многу порано до планираното. Освен овде, во моментот се градат 500 социјални станови во повеќе општини, меѓу кои и Пробиштип, Свети Николе, Неготино и Бутел. Покрај овој проект, во моментот разговаравме и за проширување на филтер станицата од градскиот водовод во Виница, истакна министерот Сугарески.

Изградбата на социјалната зграда во Виница чини 68 милиони денари, а директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски, информираше дека досега во целата држава се почнати 13 градилишта со социјални згради.

-Во преговори сме со Европската централна банка за уште неколку проекти кои ќе бидат продолжение на веќе постоечкиот Ф/П1674, што ќе овозможи и понатаму да продолжиме да градиме вакви објекти. Размислуваме со идните проекти да опфатиме и други социјално ранливи категории граѓани, истакна Трајковски.

Градоначалникот на Виница, Димитров оцени дека со исполнувањето на рокот за завршување на социјалната зграда, семејствата од ранливите категории за една година ќе можат да се вселат во своите нови домови. Притоа додаде дека со поддршка од Министерството за транспорт и врски се работи на проектот за зголемување на капацитетот на филтер станицата за вода заради поврзување на селото Лески, а ќе се инвестира и во нова реконструкција на водоводната мрежа.

Би можело да ве интересира

Педесет и две социјални семејства од Гевгелија ќе добијат социјален стан

Ана Ололовска

На улица во Виница се истепале три жени

Банда од Виница крадела по куќи и мачела животни

Бочварски: Го распишавме јавниот повик за распределба на социјалната зграда во Свети Николе

Ана Ололовска

Приведен разбојник на автобуска станица во Виница

Бочварски: Од утре јавен оглас за распределба на 70 социјални станови во Гостивар

Ана Ололовска