„Марш за ангелите“ денеска во Виница: За вистината што предолго се турка во сенка!

Од:

Во Виница денеска за првпат ќе се одржи „Марш на ангелите“, посветен на 63-те жртви од трагедијата во Кочани.

Организаторите најавија дека 43. „Марш на ангелите“ ќе се одржи со почеток од 17:05 часот, а собирот ќе започне во 16:45 часот на плоштадот „Ангел Винички“.

Маршираме затоа што зад бројката 63 стојат 63 прекинати животи, неостварени соништа, празни соби и семејства што засекогаш останаа без дел од себе. Затоа што над 500 повредени и преживеани не се бројки во извештај — туку луѓе што секој ден живеат со физички последици и трауми од таа ноќ. Маршираме затоа што за ваква трагедија не смее да постои симболична одговорност. Затоа што условна казна не е правда за 63 изгубени животи и стотици уништени семејства. Молчевме доволно. Сега зборуваат ангелите преку нас. Чекорат преку нас – се вели во соопштението од Здружението на граѓани „16ти Март 2025“.

Би можело да ве интересира

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Марш за ангелите во Кочани: За притворот на Деко бараме законот да биде гаранција, да нема пропуст

А1он

Марш за ангелите: Дали секој што имал должност ја извршувал совесно?

А1он

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

„Марш за ангелите“ во Виница: Каде биле инспекторите – одговорноста за последиците од пожарoт не запира кај сопственикот на објектот

А1он

Во Кочани 42.Марш за ангелите

Предраг Петровиќ