Во Кочани 42.Марш за ангелите

Од:

Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 42. Марш на ангелите и денеска чекореа низ улиците во Кочани, почнувајќи од Паркот на Револуцијата и завршувајќи кај зградата на Основното јавно обвинителство во Кочани.

На одговорните во институциите им се обратија во три наврати, застанувајќи пред зградата на Полицијата, барајќи одговорност за полициските службеници, кои таа ноќ не интервенирале кога се запалила пиротехниката, како и при евакауцијата на нивните деца од дискотеката.

-Што точно правеле службените лица во тие клучни моменти? Тие немо стоеле и ги блокирале вратите на единствениот влез-излез и кога увиделе дека пожарот се шири, први кукавички бегаат да спасат глава. Ова е институционален пораз во најкритичниот момент затоа денес прашуваме: дали ова е систем подготвен да штити граѓани — или систем што целосно потфрлил во најважниот момент? Затоа што во тие минути не се мерела само професионалноста. Се мерела човечноста. Се мерела одговорноста. Се мерело дали униформата значи заштита — или само функција без тежина кога е најпотребно. Но затоа совршено функционирале: молкот, замижувањето, меѓусебното штитење, и чувството дека никој никогаш нема да одговара. Години наназад системот не гледал ништо- рече Розета Блажева во говорот на семејствата на загинатите млади луѓе.

Семејствата на 63 жртви во пожарот во дискотека „Пулс“ во Кочани на 42.Марш на ангелите порачаа дека денес не ја прашуваат Европа каде се нејзините вредности, туку нашата држава.

– Како точно планирате да стигнете до Европа, ако со години не успевате да стигнете ни до сопствената одговорност? Нема европска иднина без правда. Нема достоинство во држава каде родителите мора да маршираат за да бидат слушнати. И нема победа над темнината додека вистината за 63-те ангели сè уште талка по улиците, наместо да стои јасно и гласно во институциите. Затоа и денес ќе чекориме. За нашите 63 ангели. За вистината. И како потсетник дека човечкиот живот не смее да биде најевтината ставка во овој трул систем-вели Марија Патрушева во име на семејствата за загинатите млади луѓе.

Пред зградата на Основното јавно обвинителство семејствата му се обратија на премиерот и на министерот за внатрешни работи, порачувајќи им дека досега нивното ветувањето „И брат да ни е – ќе одговара не се реализира за нив како семејства, туку како што рекоа досега имаат само не правда и не одговорност.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Регистриран прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите

Поранешниот прв човек на ФФМ Илчо Ѓорѓиевски со уште две лица одат во 30-дневен притвор, за пет лица одреден куќен притвор

Европската организација за закони за игри на среќа (EOGL) со предупредување до Собранието: Оданочувате загуби и уништувате легален сектор, државата се соочува со милионски меѓународни арбитражи

Градоначалникот Ќира се прогласи за ненадлежен за криминалот со плажите во Струга

Предраг Петровиќ

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Крстевски од „Сакам да работам“: Заложници сме на различни политички структури кои си поигруваат со нашите судбини