Во тек е изградба на станбена зграда со 29 социјални станови во Велес

Од:

На локација во новиот дел на Велес, веднаш до пругата Велес-Битола до станбениот комплекс „Атлантис“, во тек е изградба на станбена зграда со пет ката со 29 станови на површина од 1800 квадрати и секој стан со квадратура од 30,40 и 50 метри квадратни, наменети за социјално ранливи категории на граѓани.

-Зградата чини 42 милиони денари од буџетот на Министерството за транспорт и врски, а треба да биде готова до мај идната година. Таа е последната од 660 вакви станбени единици во земјава, информира министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска со директорот на А. Д за стопанисување станбен и деловен простор Кристијан Трајковски и градоначалникот Аце Коцевски направија увид во градежните работи.

– Оваа е значајна инвестиција во буџетот на министерството за кои беа предвидени вкупно 134 милиони денари за реализација на ваков тип на станбени згради. Во текот на минатата година сите средства коишто беа предвидени беа реализирани, што е добар пример за организирање и менаџирање на работата на директорот на целото акционерско друштво, за стопанисување со станбен и деловен простор. Ние продолжуваме и во оваа година со иста динамика, најави министерот Бочварски.

Директорот на А.Д за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски воедно информира дека ги завршиле сите постапки за уште три згради, а во тек е постапката за избор на изведувач во Дебар, за кои очекува за две три недели да ги објават и градежните активности кои таму ќе се одвиваат.

Градоначалникот Аце Коцевски им се заблагодари на инвеститорите од името на граѓаните на Велес, посебно на оние од социјално ранливите категории кои ќе живеат во овие станови.

– Овие 29 станови ќе бидат наменети за граѓани од социјално ранливи категории на население, лица без родители и лица со посебни потреби, како и за оние со ниски плати. Сметам дека на овие лица, им се најнеопходни вакви станови. Ова е можност барем 29 семејства од овие категории да им се обезбеди пристоен дом за живеење, потенцира Коцевски.

Воедно министерот Благој Бочварски воедно информира дека во Велес работат на улиците на влезовите во Велес и на магистралната улица „Вардарска“ која е во ингеренции на државата и веќе ЈП „Македонија пат“ после долги години работи на рехабилитација на овие улици во вредност од 15 милиони денари, како дополнителна поддршка на општината.

Тој воедно информира дека од буџетот на министерството на осум велешки улици заменуваат водоводна,а на три улици канализациска линија и воедно работат на водовите кон селата Раштани и Бузалково, а со што инвестициите во Општина Велес за водовод и канализации се во вредност од над 1 милион евра.

Би можело да ве интересира

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов

Велешанец пронајден мртов кај дуќаните на Нов мост во Велес

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска