(ВИДЕО) Бочварски: Обезбедени се пари за изградба на патот Дреново-Градско

Од:

Благој Бочварски, потпретседателот на СДСМ денеска во изјава за медиумите рече дека Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство обезбедиле грант од 35,4 милиони евра, неповратни средства од ИПА програмата за изградба на патот Дреново-Градско за што бил потпишан билатерален договор со Европската Унија.

– Со изградбата на оваа делница значително ќе се придонесе кон модернизација на патната инфраструктура во Пелагонискиот регион и за граѓаните од овој крај тоа ќе значи побрз пристап од едното до друго населено место и побрз трансфер на стоки и услуги. Изградбата ќе се одвива на ниво на експресен пат во должина од 15 километри кој ќе ги задоволува сите безбедносни и сообраќајни стандарди, рече Бочварски.

Тој додаде дека со оваа значајна капитална инвестиција ќе се унапредат бизнис релациите, траснпортот на стоки и луѓе во регионот на Градско, Кавадарци, Прилеп, Битола, Кривогаштани, Крушево и Охрид.

– Македонија оди напред! Владата предводена од СДСМ согласно програмата работи на изградба на капитални проекти во инфраструктурата кои ќе придонесат кон севкупен економски раст и развој на држвата, рече Бочварски.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!