Околу 200 учесници во протестот мирно го искажаа незадоволството од францускиот предлог кој предизвика голем револт кај граѓаните.
На почетокот на протестот кога демонстрантите ги оставија автомобилите среде коловоз за да не поминува никој, пристигна возило со бугарски таблички кое сакаше да помине низ барикадите.
Некои од граѓаните негодуваа затоа што среде протест против бугарските барања и францускиот предлог им се појави токму бугарско возило.
– Ајде тргнете се, срамота е, жената е бремена мора да ја пропуштиме. Ајде да не се спуштаме на ниско ниво како Бугарите. Да покажеме ние Македонците каков народ сме – рече еден од демонстрантите.
Но, откако видоа дека во автомобилот има трудница која е пред породување, веднаш ги потргнаа возилата за да помине семејството, што беше поздравено од сите граѓани како гест со кој се покажа македонското гостопримство.