ВИДЕО: Близу 20 тони дезинфекциски средства се поделени по центрите за јавно здравје и јавно здравствените установи

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, потврди дека има залихи од заштитна опрема, и тоа, над милион парчиња маски, ракавици, мантили само во магацините на министерството.

Во однос на средствата за дезинфекција, министерот посочи дека има огромно количество во резерва, а донацијата од компанијата „Сеавус“ од 20 тони веќе е распределена во центрите за јавно здравје и јавноздравствените установи.

„Над милион парчиња маски, заштитни ракавици, мантили има во резервите и магацините на Министерството за здравство, иако секоја јавно здравствена установа има обврска и самата да набави. Ние имаме огромна количина и од донациите и од тоа што на почетокот го набавивме. Даваме таму каде ќе укажат директорите дека е потребно. Заштитната опрема воопшто не претставува проблем ниту некаков ризик за во периодот кој што доаѓа. Има огромна количина на средства за дезинфекција. Имаше и огромна донација, близу 20 тона од компанијата „Сeавус“ и таа е поделена по јавно здравствените установи, центрите за јавно здравје“, посочи Филипче.

Тој посочи дека Министерството и претходно добило донации од компании, оттука, количините кои се складирани како резерви ги посочи како сосема доволни.

Друштвото за информатичка технологија Сеавус, донираше 20 тони средство за дезинфекција “мултисепт форте” кон Министерството за здравство. На овој начин компанијата помогна да се задоволат потребите за дополнителна заштита на здравствените работници како последица на кризата предизвикана од вирусот Ковид-19.

„Со цел да помогнеме да се зголеми степенот на заштита на здравствените работници, кои се секојдневно изложени на висок ризик и со цел да им искажеме благодарност за нивната посветеност и професионалност, дониравме 20 тони средство за дезинфекција “мултисепт форте“, кон Министерството за здравство. Оваа количина е дистрибуирана кон јавните здравствени установи и центрите за јавно здравје, во целата држава“, изјавија од Компанијата.

Претходно, компанијата „Сеавус“ одговори позитивно на барањето на Македонскиот полициски синдикат и донираше 12 тони средство за дезинфекција „мултисепт форте“, кои беа дистрибуирани низ сите објекти на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност, Управата за финансовата полиција и Противпожарните единици ширум Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

За Филипче, скандалот со АНБ пукна како петарда во раката на ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски упатува на Обвинителството

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

Филипче: Мора да продолжиме по европскиот пат, резолуцијата за ЕУ ќе биде гаранција за заштита на националните интереси

(ВИДЕО) Филипче: На чекор сме од Европа, тој чекор мора да го направиме сами, но заедно и обединето

(ВИДЕО) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Немам добиено никаков документ, вели Мицкоски за предлогот на Филипче:

Горан Наумовски